осн.1997

НАШАТА ПРИКАЗНА

Добредојдовте во сегментот посветен на информациите за основањето на Балнеум, и врвните брендови со кои располагаме.

Накратко за нас и нашите најеминентни брендови

Почитувани клиенти, Ви благодариме што ја посетивте нашата страница која е од информативен карактер и воедно би сакале да Ве потсетиме дека Балнеум.дооел од Скопје, со своето постоење од 1997 година на нашиот пазар секогаш со гордост Ви ги претставува брендовите од врвен европски квалитет, како што се: ROCA, GROHE, NOVELLINI, LAUFEN, BONOMINI, THERMOMAT,FAYANS, LINEABETA и др.

Презентација на нашиот салон

Roca

Roca Loves the Planet

Како светски лидер во дефинирање на нашите бањи, а секако и репер за квалитет и дизајн ширум светот, во моментов активно присутен на 135 пазари и со тенденција за натамошно проширување и достапност до секого. Во процесот на континуиран развој, Roca е длабоко посветена на своите производи во кој сите сетила се судираат kaj секој нивни производ одделно. Како лидер во светот на санитарната опрема со својата широка палета на производи, лесно се прилагодува на навиките на потрошувачите и нуди инзворедно прилагодливи решенија за сите нас, како функција, дизајн и квалитет. Од 1999 година членки во Roca групацијата се Laufen, Inker, Jika i Fayans, а сите дистрибуирани на пазарот на Ex Jugoslavija преку Inker Hrvatska.

Grohe

WATER. INTELLIGENCE. ENJOYMENT

Уживање во искуството, бањата која сега е наменета како место за повлекување од динамичното темпо низ денот е вашата оаза за релаксирање, но без производите на Grohe истата нема да биде целосна. Палетата на Grohe spa програмот Ве покануваме да ја погледнете на официјалната страна на GROHE

Laufen

Total bathroom concepts

Карактерноста на овој вкоренето традиционален Швајцарски бренд се изразува како симбиоза помеѓу дизајн, квалитет и функционалност.Јадрото на Laufen е познавањето и воедно користењето на врвни материјали за изработка на санитарија, фактот кој најгласно говори за тоа е 125 годишното постоење на компанијата.Тоа што ги прави уникатни производите на Laufen и ги издвојува од останатите е примарната перцепција на истите. Имено Швајцарскиот дизајн следи 2 големи тренда: 1. Емоционален италијански дизајн својствен за Југот; 2. Швајцарската традиција на прецизност и јасност. Во моментов Laufen припаѓа на групацијата на Roca.

Novellini

If you Believe in it, it Will Come True! | Se ci credi si avvera!

Италијански производ на дизајнерски чисти прегради за туш кади, кади и хидромасажни системи кој континуирано се развива за да го понуди максимумот во својот сектор. Со референтна листа на завидно ниво и опремени комерцијални, јавни, административни, резиденцијални и индивидуални објекти како во Скопје така и низ цела Македонија, Ве покануваме да не посетите во нашиот салон каде ќе ни претставува голема чест да Ви го понудиме најдоброто решение за Вашиот простор..

Lineabeta

Everyday design | Azienda accessori bagno design

Овој италијански бренд, се краси со 40 годишно постоење.Главен фокус на Lineabeta e достапноста, убавината и динамичниот лукзус прелеани во аксесоари за вашите бањи.Името Lineabeta синонимизира со процесот на уредување на бањите. Нивното мото "секојдневен дизајн" ја истакнува трендовската вредност на самата компанија и нејзината неопходност при осовремување на бањите.

Bonomini

Innovative philosophy and care for detail

Италијански бренд формиран во 1976 година кој од 1984 па се до денес цврсто се фокусира на изработка на клучни елементи за бањите. Воглавно брендот опфаќа производство на сифони и елементи за тоалетен одвод.Централната вредност на брендот се состои во самиот квалитет на изработка на производите, кој му гарантира пиедестал на Bonomini во однос на останатите производители од истата бранша.

Thermomat

Wonders of the bathroom!

Италијанска компанија предводник на пазарот за изработка на вградни елементи за бањи.Со низа сетификати за квалитет и издржливост, Thermomat претставува безбедна опција при опремување на вашите бањи. Спектарот на производи генерално опфаќа термостатски миксери, термостатски електронски системи за батерии, вентили и многу друго.

FAYANS

The name of the bath!

Со седиште во Бугарија, FAYANS се истакнува како лидер во областа на санитаријата во Југоисточна Европа.Горди на својот врвен квалитет кој е проследен со современи дизајнерски црти, за кои најзаслужен е светски познатиот дизајнер Antonio Bullo.Корпоративниот тим се гордее со фактот дека оваа компанија нуди најдобар сооднос помеѓу квалитет и цена.